Мали трикови со кои ќе ги намалите килограмите

5 февруари, 20130
trikovi

Ако сакате да ги намалите килограмите, дефинитивно треба да промените нешто во секојдневната рутина. Не мора да значи дека треба да се ставите на некоја ригорозна диета, доволно е да почнете со практикување на одредени трикови кои ќе ви помогнат за да ги изгубите вишокот килограми.

Јадеме за да го промениме вксуот кој го имаме во устата

Многу често не дека чувствуваме потреба за храна, туку јадеме само за да го промениме вкусот кој го имаме во устата. Наместо да посегнете по слатките или грицките, подобро направете го тоа со некоја ментол бонбона, мастика, вкусно овошје…

Квалитетна храна

Луѓето кои го полнат фрижидерот со храна која има низок квалитет внесуваат голем број на непотребни калории. Започнете да го полните фрижидерот со свежо овошје и зеленчук.

Прескокнете го слаткото наутро

Веќе е научно докажано дека потребата за слатко е зависност. Не е пожелно да го започнете денот со слатки. Јадете го во текот на денот, но гледајте тоа да е преку житарици, овошје…

Измијте ги забите по вечерата

Тоа ќе ве спречи да посегнете по некое слатко пред да си легнете.

Сок од зеленчук пред секое јадење

Најдобро е да пиете сок од зеленчук пред да јадете. Тоа ќе ви даде чувство на ситост и тоа на подолго време. Доколку не може да приготвувате во секое време, тогаш пијте готов сок од одмати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *