Жените прават огромни напори и се подложуваат на различни диети со надеж дека ќе се ослободат од неколку килограми. Сега истражувачите откриле начин како да го олеснат страдањето на претставничките на понежниот пол со сензационално откритие дека само мирисот на малини може да ги направи послаби и убави.
Малините содржи т.н. “кетони”, кои често се користат како додаток во исхраната или во козметичката индустрија. Од еден килограм овошје можат да се добијат меѓу еден и четири милиграми од корисното соединение. Сега кетоните се достапни и на интернет и поттикнуваат лесно губење на тежината.
Тајната се крие во зголемените нивоа на хормонот адипонектин кој ја регулира размената на материите. Високите нивоа на овој хормон значат помалку масни резерви. Истражувачите гарантираат одлични резултати без строги диети и исцрпувачки вежби…