Бившата уредничка на Вог, Кристи Клементс во својата книга „The Vogue factor“ објаснува како е возможно манекенките да останат така слаби. Бидејќи добила отказ после 25 години работа во Вог, Клеменс одлучила да ги обелодени сите тајни на модната индустрија.
Една од најшокантните работи што ги напишала е дека видела како манекенките јадат хартиени марамчиња пред ревија за да бидат сити, а при тоа не внесуваат ни една калорија.
Клеметс раскажува како во една прилика додека снимале во Мароко не видела ни една манекенка како јаде, а последниот ден од снимањето, манекенките едвај стоеле на нозе и едвај ги држеле очите отворени.
Исто така открива дека голем дел од манекенките својата витка линија ја должат на инфузиите кои ги примаат деновите пред ревија. „Една руска манекенка со драматичен режим на исхрана со денови примала само инфузија и благодарение на тоа станала фит модел или манекенка чие тело дизајнерите го користат за пробување на своите креации“, открива бившата уредничка.