
Британски археолози соопштиле дека откриле голем комплекс во близина на античкиот град Ур во јужен Ирак, односно домот на библискиот Аврам за кој се раскажува во Стариот завет.
Стјуарт Кембел е дел од археолошкиот тим на универзитетот во Манчестер и вели дека комплексот е стар 4000 години и дека датира од времето кога Аврам живеел таму.
Тој додава дека комплексот е со големина на фудбалски терен, истакнувајќи дека комплексите со вакви димензии и старост се непроценливо богатство за светската култура. Ова е прв британски проект во јужен Ирак после 1980 година.