Марија Шерифовиќ признава: Лезбејка сум, сексот со девојка е фантастичен!

popara28 ноември, 201318min00
5

Пејачката Марија Шерифовиќ која изјави дека засекогаш заминува од Србија на премиерата на долгоочекуваниот филм “Исповед“ призна дека сака жени, но и дека нејзиниот татко е коцкар и алкохоличар и дека често била сведок како таткото Рајко до смрт ја претепува мајката Верица. Филмот го најавила со зборовите:

“Никогаш не сум знаела да губам! Секогаш во моментите на бес кршев се околу себе, а победував исклучиво поради себе си и моето семејство!“

На самиот крај од филмот пејачката го открила она што сигурно ги интересира повеќето – нејзината сексуална определба. “Во животот имав многу погрешни избори. Од секогаш посакував долга врска и стабилност. Неколку пати сум била со жена и морам да признаам дека е прекрасно тоа што не ве гребе нечија брада“ – раскажува Марија.

Марија меѓу другото објаснала дека и покрај склоноста кон жени сака да се оствари как мајка и дека еден ден од банката за сперма ќе го побара таткото на нејзиното дете.

Погледнете дел од атмосферата на премиерата:

Foto: Telegraf

Foto: Telegraf

Foto: Telegraf

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *