Јаболкото е исклучително богато со минерални материи ( калиум, калциум, фосфор, натриум, железо, и др) и витамини ( од групата Б, Ц, Е, ПП и фолна киселина).
Употребено како козметички препарат јаболкото ја прави кожата млада и еластична, а косата здрава и сјајна. Успешно се бори со слободните радикали, благодарение на флавоноидите и полифенолите кои ги има во завидни количини.
Маска за коса
1 пасирано јаболко
1 жолчка
1 супена лажица мед
1 супена лажица сок од грозје
2 супени лажици печена тиква
Продуктите се мешаат заедно и се обработуваат во блендер со цел смесата добро да се изедначи. Се нанесува на косата, се витка со најлон и крпа и се остава да делува еден час.
Mаска за лице
3 супени лажици рендано јаболко
1 белка добро изматена
Крупно мелено пченично брашно или така наречената палента
Продуктите се мешаат и смесата се нанесува на лицето, вратот и деколтето. Се остава да делува 30 минути.
Двете маски ви препорачуваме да ги правите во текот на целата есенско – зимска сезона, еднаш седмично.