
Киев – масовна тепачка денес во парламентот во Украина, помеѓу националистичката партија Свобода која е во опозиција и провладините партии од регионот, а поводот бил користење на руски јазик во парламентарната расправа.
До конфликтот се стигнало кога претседателот на провладината партија Јефремов почнал да зборува на руски јазик, што предизвикало остри реакции кај пратениците членови на Свобода кои барале Јефремов да зборува на украински јазик.