Мажите ќе исчезнат од Земјата!

6 јули, 20130
1

Според Џејни Грејвс, позната австралиска професорка, мажите дефинитивно ќе исчезнат после 5 000 000 години. Ако нејзините закључоци се точни, а таа е еден од најреспектираните научници во светот, процесот на исчезнувањето на претставниците на машкиот пол веќе е започнат.

Женскиот Х хромозом содржи  околу 1000 гени и дамите имаат среќа бидејќи имаат цели два од тој вид. Во почетокот и машкиот  Y хромозом имал толку гени но со тек на времето тие се намалиле до помалку од сто кај современите мажи. Тука е вклучен и SRY генот, кој одредува дали еден ембрион ќе биде од машки или женски пол. И додека претставничките на нежниот пол имаат два Х хромозоми, кај мажите Y хромозомот е само еден.

За време на парење женските хромозоми се во состојба да остваруваат важни генетски ремонти, тврди професорката. А при недостаток на женски пар Yхромозомите се преоптеретуваат и не можат да ги поправат грешките. Затоа на крајот дамите ќе ја добијат битката меѓу половите.

Според Џејни Грејвс после 5 000 000 години ќе исчезнат Y хромозомите, а со нив и мажите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi