Потребни состојки:
- 200гр пилешко
- 50гр филирани бадеми
- 250гр брокула
- 2 чешниња лук
- 2 кафени лажички скроб
- сол
- соја сос
- маслиново масло
- пилешка супа
- 1 кафена лажица слатко од шумски плодови
- 1 кафена лажица мед
- сок од половина лимон
- 2 лажици соја сос
Начин на подготовка:
Исечете ги пилешките гради на тенки парчиња и прелијте со соја сос. Оставете ги да се марнираат.
За тоа време ги сечеме брокулите и ги пропржуваме на масло. Додаваме исецкан лук и супа претходно растворен во малку вода. Ги додаваме и соја сосот и филираните бадеми.
Во друг сад, во кој претходно сме загреале масло , го пропржуваме пилешкото заедно со соја сос. Додаваме мед, сок од лимон, и слатко од шумски плодови. На крај, за да се згусти сосот, додаваме скроб. Добар апетит.