Мистерија: Непријателот на Путин, Борис Березовски сепак е жив?

popara28 септември, 20131min00
5

Русинот Борис Берзовски, олигарх и човек кој беше еден од клучните ликови кои го помогнаа искачувањето на Путин на самиот врв, а покасно му стана непријател број еден, можеби е жив, тврдат дел од руските медиуми, а врз основа на извори блиски на руската служба ФСБ.

Наводно, Березовски кон крајот на март е најден мртов во својата вила недалеку од Лондон, а покасно е потврдено дека е обесен, поради што се тврдеше дека извршил самоубиство.

На неговата сметка во моментот на смрта имало повеќе од 800 милиони долари, а имал и недвижен имот во Франција како и многу скапи уметнички дела. Истрагата вели дека ова секако е далеку од милијардите со кои порано располагал, но сепак доволно за пристоен живот.

Руската ФСБ и Истражниот комитет разгледуваат уште една варијанта, а тоа е дека Березовски исчезнал и ја инсценирал својата смрт.

“Мошне сериозно ја разгледуваме можноста дека Березовски не е мртов. Освен тоа, Русите сметаат дека во сето тоа се вмешани израелски како и британски тајни служби“ – изјавил висок функционер на ФСБ.

Иначе Борис Березовски беше на листата на најбарани луѓе за кои Русија во 2001 распиша потерница под обвинение за перење пари и насилно превземање на власта. Поради протерување од Русија тој во 2003 добил политички азил во Англија.

Теоријата дека Березовски е можеби жив за прв пат ја објави познатиот руски аналитичар Андреј Караулов.

“Погребот на Березовски беше навистина чуден – смеење, мини сукњи, мајка му која изјави дека се помина добро“ – изјавил Караулов.

Ovako bi mogao da izgleda... Foto-montaža Komsomolskaje pravde

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag