Многу тајни, а еден Асанж

popara1 ноември, 201318min00
4

Двајца луѓе и една тајна – така се почнува…Многу повеќе луѓе – многу повеќе тајни. Но ако најдеме некој кој е морален, кој е подготвен да ги открие тајните, тогаш тој може да го сруши и најмоќниот и најрепресивен режим.

Така почнува филмот “Inside WikiLeaks“ во режија на Бил Кондон кој почна да се прикажува деновиве во Германија. Во САД филмот не доживеа успех. Филмот покажува како Асанж ја развива интернет платформата Викиликс, Форум за анонимно откривање на тајни информации. За многу кратко време Асанж и германецот Домшајт Берг постигнуваат огромен успех.

Ова е прв филм за Викиликс. Го обработува периодот од 2007 до 2010 година, вклучувајќи го новинарот од Гардијан, Хардинг и книгата на Берг. Тој бил три години најблизок соработник на Асанж, а потоа се стигнало до раздор.

“Асанж е еден од најинтелигентните луѓе што некогаш сум ги сретнал. Многу научив во тој период, ние ги ширевме хоризонтите, а со проектот зачекоривме на еден сосема нов терен. Но Асанж има и слабости, пред се, тоа е неговата лоша социјална компетенција – тој не умее со луѓето“ – вели Домштајт Берг.

Основната тема на филмот е за тоа кој е оној што смее на јавноста да и понуди тајна информација – и колку информација? Дискусијата за тоа сеуште не е завршена…

httpv://www.youtube.com/watch?v=mjWi-augr0E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag