Светлана Цеца Ражнатовиќ која поради изнемоштеност не можела да се јави во четвртокот пред суд, веќе се чувствува подобро, потврдил нејзиниот татко Слободан Величковиќ. За нејзиното здравје во манастирот Рајиновац се молеле нејзината сестра Лидија и зетот Предраг Оцоколјиќ.
Иако Цеца често го посетува овој манастир, овој пат била спречена да присуствува на бдеењето за Мала Богородица.
“Таа како голем верник кој ги почитува православните обичаи секоја година доаѓа во Рајиновац на славата Мала Богородица и со семејството и пријателите се дружи со монасите и монахињите од манастирот.“