Момчето кое пушеше по две кутии цигари дневно, сега е навлечено на храна! (видео)

19 ноември, 20130
9

Петгодишниот Алди Ризал од Индонезија на двегодишна возраст го шокираше светот кога се дозна дека пуши по 40 цигари дневно. Тогаш се покрена иницијатива за создавање центри за рехабилитација наменети за мали деца со пороци.

Па така Алди бил задржан на терапија во Џакарта две седмици, каде се обиделе да го одвикнат од пушење. Неговите родители претрпеле тешки критики за неодговорност кон своето дете.

Денес Алди успешно се бори со својот порок и одбива цигари кога ќе му понудат. Тој вели дека неговиот доктор ќе биде многу тажен ако го види повторно како пуши.

Иако цигарите веќе не се опасност, се појавил нов проблем. Кога престанал да пуши, Алди почнал да јаде голема количина храна. Сега има 24 килограми, иако просечната тежина за дете на негови години е околу 17 килограми. Нутриционисти сега се грижат за неговата нова зависност и водат сметка детето да јаде само здрава храна, овошје и зеленчук, и сметаат дека кога ќе намали 5 килограми, неговата тежина ќе може да се држи под контрола.

httpv://www.youtube.com/watch?v=cLvmik0jgrQ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi