Италијанската актерка Моника Белучи ќе ја игра главната женска улога во новиот филм на режисерот Емир Кустурица.
Филмот ќе го носи името “Љубов и војна” и ќе биде сниман во Требине во текот на месец мај и јуни.
По пристигнувањето во Бања Лука во саботата Кустурица и Белучи беа пречекани од претседателот на Република Српска во Босна, Милорад Додик, кој е пријател на светски познатиот режисер.
Мештаните единствено и “замерија“ на актерката кога таа изјави дека “За прв пат е во Србија“, но набрзо се заборави на гафот на Белучи.
Кустурица молскавично ја поправил, велејќи и дека се наоѓаат во место населено со Срби, што е дел на Босна и Херцеговина, но не е во Србија.
Актерката се извинила и прецизирала каде се наоѓа, овој пат правилно.
Од Босна и Херцеговина Белучи отпатува за Србија, каде што беше почесен гостин на шестиот филмски и музички фестивал “Кустендорф”, организиран од Кустурица.