Му забоделе штрафцигер во глава, а тој запалил цигара!

popara9 март, 20131min00
1

Варшава – Полските лекари соопштиле дека на еден 25 годишен маж му отстраниле штрафцигер забоден во главата цели 2 см. Докторот рекол дека човекот најверојатно паднал во несвест, но дека на тоа не се сеќава.

Кога се освестил, најпрво бил свесен само за болка во раката, а потоа сватил дека уште нешто не е во ред. Отишол до автомобилот, се погледнал во огледало и видел забоден штрафцигер над десното око.

Пред да се обрати кај комшиите за помош, мажот пушел цигара. Штрафцигерот бил отстранет, а за среќа немал оштетување ни на мозокот ни на очите.