На аукција: Часовникот на кој е прогласена смртта на Кенеди!

popara21 ноември, 201317min00
2

Рачниот часовник кој го носел лекарот што го реанимирал Кенеди после атентатот и според кој било прогласено времето на смртта, ставен е на аукција која ќе се случи следниот месец.

Сатот е Патек Филип од 18 каратно злато и припаѓал на доктор Кемп Кларк кој дента за време на атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди 22.11.1963 година бил дежурен лекар во Паркленд Меморијал болницата во Далас.

Аукциската куќа Кристи ќе го стави часовникот на аукција 17 декември, а се очекува да достигне цена од 150 илјади долари.

Foto: AP/Christie’s