На дното на океанот пронајдени ракетите со чија помош човекот стапна на Месечината !

popara22 март, 20131min00
1

Богатиот основач на Amazon.com Џеф Безос, на блогот на својата компанија објавил како во текот на истражувањето на океанското дно нашле некои од огромните F1 ракетни мотори кои се користеле за лансирање на Аполо 11, кој ги однесе космонаутите на месечината.

Ракетните мотори пронајдени се 4270 метри под површината на Атланскиот океан во близина на Флорида каде се наоѓаат од 1969 година.

Компонентите биле под екстремен притисок, дури 600 метри подлабоко од пронајдените остатоци од Титаник. Вадени се со помош на безпилотни подморници кои биле управувани од површината.

Вкупно биле извадени доволно делови за реконструкција на цели два F1 мотори, од вкупно пет колку што се наоѓале во Сатурн 5 ракетата што го лансираше Аполо 11 во свемирот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *