На кој хороскопски знак може да му се верува?

29 мај, 20130
7

Кои хороскопски знаци лажат најмногу?

Се покажа дека лавовите и шкорпиите можеме да ги наречеме знаци “Пинокио“. А на кои знаци можеме да им веруваме?

Овен

Карактеристика за овој знак е неговата амбиција, понекогаш болна. Тие се кариеристи и воопшто не се изненадувајте ако се случи да употребат подмолни лаги во гонењето на своите професионални цели. Дури и да не станува збор за лага, веројатно е овенот да оди кај високопоставени лица и да им раскажува вистини кои нема потреба да ги знаат. Бидете внимателни бидејќи како ништо можат да ве наместат пред шефот или да ве навлечат во доста непријатни интриги.

Бик

Во принцип тие не се злобни лажговци, но тоа не значи дека не можат и не им се случува да лажат. Биковите се познати по тоа што секогаш настојуваат да биде по нивно и се спремни да ги видоизменат фактите, да ја зачинат вистината служејќи се со опасни манипулативни техники за да ги постигнат целите. Што се однесува на интимните врски имајте во предвид дека тие се еден од знаците најсклони кон неверство. Често се случува да размислуваат прво со половите органи, а потоа со мозокот, за да ги прикријат трагите.

Близнаци

Тие исто припаѓаат на знаците кои не можат да бидат верни. Освен тоа голем дел од близнаците се тешки озборувачи па затоа подобро не им ги откривајте своите тајни. Не дека ќе ве издадат од лошотија, но сепак нема да се воздржат и ќе се чувствувате предадени. Треба да знаете дека овие луѓе се внатрешно раздвоени од спротивни крајности и ретко се најасно со себе си, па затоа веројатноста да се самозалажува, после што ќе ве лаже и вас е голема.

Рак

Раковите би можеле да се извлечат од убиство што навистина го сториле без да им фали влакно од главата. Нема што да размислувате – ако решат да ве лажат ќе ви биде мошне тешко да ги уловите во нешто конкретно. Добрата вест е што ретко се служат со својата дарба за лажење. Раковите се познати по тоа дека се лојални и сакаат да водат смирен и чесен живот. Верни се на партнерот и веруваат во љубовта.

Лав

Нивното друго име е Пинокио. Се разбира има и исклучоци, но во принцип се склони да лажат и кога треба и кога не треба без никаква очигледна причина за тоа. Ако во животот не им се случуваат доста интересни нешта тие се склони да ги измислат. Но рано или касно вистината излегува на виделина, тие губат контрола и лавчето се заплеткува во своите лаги и обидувајќи да се извлече од ситуацијата може да наштети на другите.

Девица

Девиците, особено мажите се големи егоисти. Но не брзајте да заклучите дека тоа значи и дека се лажговци. Напротив, тие повеќе се склони да ве повредат со горчливата вистина, отколку да се оптеретуваат себе си со измислувањето на било какви лаги.

Вага

Макар на прв поглед да изгледаат како стабилни личности, тие ретко се такви. Лесно подлегнуваат на разни импулси вклучувајќи ги сите оние нешта кои е прифатено да ги нарекуваме “пороци“. И бидејќи другите постојано ги критикуваат за тие слабости, вагите имаат редовно повод за лага. И често го прават тоа, иако не им е пријатно. Но бидејќи не се вешти во лажењето, лесно можете да ги препознаете. Сами ќе одлучите дали да им простите, но во нивна заштита ќе кажеме дека не го прават тоа од лошотија, туку имаат проблем со себе си.

Шкорпија

Не сакаме да навредуваме никого. Сепак мора да кажеме дека астролозите ги опишуваат шкорпионите како најманипулативни, безкруполозни, одмаздољубиви, желни за власт, љубоморни и неверни. Доста негативни карактеристики на едно место. Сами ќе се сетите колку многу подмолни лаги изрекуваат во животот личности со ваков карактер.

Стрелец

На стрелецот дефинитивно може да му се верува. За што и да ги користи стрелите, тоа сигурно не е за да ги лаже другите. Напротив, во дадени ситуации може да ви ги уништи плановите и да ви создаде непријатност со настојувањето се да биде чесно и отворено. Стрелците се мрзеливи или поточно си работат со свој собствен ритам, па затоа ако има нешто што ќе ве натера да се посомневате во нив, тоа се нивните “итни обврски“ секогаш, кога ќе побарате да ви завршат некоја работа.

Јарец

Макар да се движат со роговите напред, и често покажуваат напорен карактер, тие не умеат и не сакаат да лажат често. Може да се случи како последица од неговиот надпреварувачки дух и вечната желба да биде пред вас. Веројатноста да ги уловите во лага е голема, бидејќи јарците не се добри во криењето на доказите. И сепак не се потпирајте на нивната права линија, бидејќи често знаат да изненадат.

Водолија

Водолиите се познати како особено чесни и обично се обидуваат да бидат морални во се што прават. Понекогаш тој стремеж влегува во конфликт со друга карактеристична црта на водолијата – склоноста да озборува. Не дека тоа ќе биде продиктирано од лоша намера, но понекогаш би можеле да ве постават во многу непријатни ситуации поради неспособноста да си ја држат устата затворена.

Риби

Може да се водат како тивки, но тоа не значи дека никогаш не би изговориле лага. Ако излажат, тоа најверојатно ќе биде последица од нивното вродено чувство за помала вредност, ниска самодоверба и несигурност во себе. Рибите не се лоши, но за жал се склони често да се споредуваат со останатите и да им завидуваат, дури и кога нема очигледна причина за тоа. И бидејќи начинот на размислување кај нив е ексцентричен и конфузен слични ситуации можат да ги наведат кон нечесни дела и ниски удари. Тие нема ни да се свесни што прават.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma