Најбогатите луѓе во светот ќе го поделат своето со бедните

20 февруари, 20130
03

Милјардерите Владимир Потањин од Русија и украинецот Виктор Пинчук велат дека половината од своето богатство ќе го дадат во добротворни цели и со тоа ќе станат првите тајкуни од земјите на бившиот Советски Сојуз кои ќе се присоединат кон иницијативата на најбогатите луѓе во светот кои решиле да го поделат своето богатство.

Проектот е наречен  “The Giving Pledge”, а основачи се бил и Мелинда Гејтс, како и познатиот инвеститор Ворен Бафет. Потањин и Пинчук изјавиле дека се надеваат со својот гест да ги инспирираат и другите богаташи ширум светот да го поделат своето богатство.

Овие двајца се наоѓаат помеѓу 12-те богаташи кои деновиве се приклучија кон проектот, со што вкупниот број порасна на 105 милјардери, во која група учествуваат и индискиот тајкун Азим Премџи и британецот Ричард Бренсон.

Потањин во соопштението објавено од страна на неговата добротворна фондација вели дека сака да ги заштити своите деца од бремето на екстремното богатство што од своја страна може да им ја ускрати мотивацијата за да направат било што самостојно во животот и да научат да се борат.

Според списанието Форбс во русија има околу 100 милјардери, а во Украина 9.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi