
Amangiri Resort & Spa е местото за оние кои навистина сакаат да се одморат и за кратко да заборават на светот и цивилизацијата. Местово изгледа како да се наоѓа на некоја друга планета, а всушност е лоцирано во јужна Ута, блиску до границата со Аризона.
Комплексот е врвот на архитектурата и дизајнот. Наоколу сте опкружени од огромен, безкраен празен простор, што создава чувство на длабок мир и вистинска релаксација. Во глувата тишина на безживотната територија што ве опкружува, без вегетација и жив свет, ќе ги слушате само гласовите на вас и саканиот човек…














