
Финансиска криза, војни, терористички закани, загадување и стрес. Тоа се само некои од причините поради кои често слушаме дека некогаш се живеело подобро.
Овој став неодамна доби и научна потврда.
Научници од Австралија утврдиле дека 1978 била најубавата година за живеење. Во тие години САД ги водеше Џими Картер, Советскиот Сојуз Леонид Брежњев, а Југославила Јосип Броз Тито. Родено е првото бебе од епрувета, Католичката црква за прв пат од 16 век добила папа кој не бил италијанец, а Сони го продаде првиот Вокмен.
До овие заклучоци се стигнало со помош на новата метода за следење на социјалниот и економскиот напредок и земајќи ги во предвид различните економски, еколошки и други фактори поврзани со начинот на живот.
Анализите на податоците собрани од 1950 до 2003 година потекнуваат од 17 држави кои сочинуваат повеќе од половина од светското население. Споредувајќи како факторите и условите се менувале низ годините се утврдило дека најдобрата година за живеење била 1978, а после тоа следи бавен но прогресивен пад.
One comment
angel
17 јули, 2013 at 14:16
toa bese jugoslavija vrvot na svetot…neka cita cela posrana evropa i amerika