Најскапите куќи во светот
Hearst Castle
Калифорнија, Сан Симеон. Во оваа куќа е снимен светски познатиот филм Кум, а Џон Кенеди овде го прославил својот меден месец. Цената на оваа куќа изнесува 90 милиони долари.
The Pinnade
САД, Монтана. Не така големи димензии, а својата ексклузивност ја добива благодарение на локацијата и преубавиот поглед. Цената на оваа куќа изнесува 155 милиони долари.
Antilla
Индија, Мумбаи во сопственост на Мукеша Амбанија или петиот најбогат човек во светот. Оваа палата има 27 ката, а цената е милјарда долари.
Elena Victoria Villa
Англија, Лондон. Пред да биде преуредена во куќа оваа градба служела како ексклузивно училиште за девојки. Цената изнесува 161 милиони долари.
Hyde Park
Англија, Лондон. Оваа градба е опремена со просторија за тестирање вино, терен за сквош, и прозори отпорни на куршуми. Цената на куќата изнесува 225 милиони долари.
The Spelling mansion
Калифорнија, Лос Анџелес. Има 129 спални соби, базени, тениски терен, спа, кино и козметички салон. Моментално е во сопственост на Петра Еклестон, а цената е 85 милиони долари.
Updown court
Англија, Сари. Покрај големиот број спални соби, тениски терен и кино, оваа куќа може да се пофали со луксузна ергела на коњи. Цената изнесува 55 милиони долари.
Villa Leopolda Villefranche sur Mer
Франција. Втората најскапа куќа во светот, а прва по цена во Европа. Оргинално е изградена за белгискиот крал Леополд, а во моментов е во сопственост на руски тајкун, Михаил Прохоров. Цената изнесува 750 милиони долари.
Castelul Bran
Романија, Трансилванија. Позната како замокот на Дракула во моментов служи како музеј поради својата богата историја. Цената изнесува 135 милиони долари.
Maison de Lamitie
Флорида, Палм Бич. Оваа куќа е на океанскиот брег и е во сопственост на Доналд Трамп. Цената на оваа куќа изнесува 150 милиони долари.