Намачкал суперлепак на WC даска, жената не можела да мрдне!

popara10 декември, 201317min00
3

Непозната жена доживеала голема непријатност во една продавница во Џорџија. Влегла во тоалетот и откако седнала, сватила дека повеќе не може да стане.

Со мобилниот повикала помош, па морале да интервенираат пожарникари за да ја одвојат од даската, која непознат сторител претходно ја намачкал со многу јак супер лепак.

Сиротата жена завршила во болница, каде и била овозможена лекарска помош, а управата на продавницата каде се случил настанот се обидуваат да го откријат злосторникот со помош на безбедносните камери.