Направете домашен антицелулитен пилинг

5 февруари, 20130
piling

Ве предизвикуваме со еден неворајатен продукт со двојно дејство! Тој ќе ви помогне да ги отстраните мртвите клетки од кожата, да ја направите нежна и мека, а истовремено да ги избришете трагите од целулитот. И освен тоа производот е целосно природен, се прави мошне брзо, лесно и ефтино во домашни услови. Еве како да си направите пилинг кој ќе ви помогне да се збогувате со така наречената кора од портокал!

Потребни намирници:

–          1 чаша морска сол,

–          2 супени лажици маслиново масло,

–          2 супени лажици мед,

–          10 капки масло од грејпфрут,

–          10 капки масло од рузмарин,

–          10 капки масло од смрека,

Во длабок стаклен сад исипете ја солта и додадете ги маслото и медот. Измешајте и оставете смесата да стои околу 30 минути. После тоа додадете ги етеричните масла.

Смесата се чува во стерилна стаклена тегла. Нанесувајте од неа два пати седмично на сите делови од телото каде има изразен целулит. Нежно масирајте околу десетина минути на секоја една проблематична зона, а на крај исплакнете со наизменично топло ладни млазови вода на тие делови од телото.  Резултатите ќе ги забележите после неколку месеци при редовна употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *