
Многу често се случува да не можеме да ја најдеме токму онаа нијанса лак за нокти што во моментот ни е потребна. Во тој случај, со помош на сенки за очи или светки ќе го направиме вистинскиот лак.
Потребен ви е безбоен лак, палета сенки или пак светки во зависност од ефектот што сакате да го постигнете. Како и да е, процедурата е иста. Исипете ја содржината во шишенцето, промешајте и новиот лак во супер боја е готов.