Информација собрана од НАСА која ја претставува загаденоста на воздухот и предизвиканите од тоа смртни случаи беа обработени и претставени на карта, која го покажува нивото на фините честици во различните страни на светот.
На картата на НАСА јасно се гледаат разликите во однос на нивото на загадување во различните зони. Реоните со најзагаден воздух и соодветно најмногу смртни случаи се Источна Кина, Европа и Северна Индија. Несомнено причината е урбанизацијата. Со сина боја се означени реоните каде загадувањето се намалило, како на пример јужниот дел на САД.
Непријатните ситни честици во воздухот се штетни по здравјето и предизвикуваат проблеми со белите дробови, бидејќи се доволно мали за да можат да бидат вдишани. Тие се ослободуваат од индустриските објекти и природните извори.