Наседнавте на фотографиите “пред и потоа“? Митот е разбиен!

25 јули, 20130
3

Андреј Диксон е професионален фитнес тренер кој решил да го просветли светот и оние кои наседнуваат на фотографиите “пред и потоа“ посветени на темата телесни трансформации.

Јасно е дека живееме во свет полн со манипулации, лажни ветувања и илузии вели Диксон, а тоа е особено изразено во фитнес индустријата.

Диксон кој веќе 11 години професионално се занимава со фитнес на својот блог објавил фотографии со цел да го разбие митот за оваа задкулисна игра и само со неколку слики и реченици ја открива вистината за маркетинг триковите.

Тој одлучил да покаже како само со неколку трикови секој може да се трансформира за само еден час. На левата фотографија го гледаме во опуштено издание. Десната, која може да ви изгледа како да настанала после неколку месеци напорен тренинг е направена само еден час подоцна.

Диксон ја избричил главата, брадата и градите, направил неколку склекови и стомачни, ја сменил светлината во собата, го стегнал телото пред сликање – и се е јасно.

Додава дека најважна е светлината која мора да доаѓа од горе со што од најмалку изразените мускули ќе фрли сенка и се добива претстава за мускулесто тело.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma