Наскоро бебе со тројца родители: Гените од мама, тато и донорот!

29 јуни, 20130
2

Новата технологија за вештачко оплодување ќе им помогне на жените со оштетени митохондри да не му ги пренесат дефектите на плодот.

Од јајце клетката на жена со лоши митохондри научниците би го земале само здравиот генетски материјал. Потоа би го префрлиле во донаторска јајце клетка, со цел ембрионот да има здрави митохондри, а остатокот од донорската ДНК би бил одстранет. Така оплодениот ембрион ќе биде поставен во матката на мајката.

Некои организации се противат на ваквото вештачко оплодување и веруваат дека играњето со јајце клетки е неморално.

Научниците развиле револуционерна процедура која ќе спречи лошите гени да преминат на детето, што дава надеж за многу семејства кои бараат начин за превенција од опасните наследни болести. Овој третман би требало да се прифати како спасување живот. Засега работиме на развој на овој процес, а потоа ќе го претставиме и пред Парламентот – изјавува д-р Сали Дејвис.

Ако британската влада ги одобри контраверзните генетски третмани, првото бебе со тројца родители би можеле да го очекуваме во 2015 година.

Foto-ilustracija: Foter/wavey davie

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *