Новинарот од британскиот Гардијан изјавил дека ќе го објави секој документ што ќе го добие од бившиот службеник на НСА, Едвард Сноуден.
Тој тврди дека ќе следуваат нови приказни поврзани со програмата – шпиунирање, спроведена од страна на американската влада, врз основа на документите добиени од Сноуден.
Гринвалд преку видео линк разговарал со група новинари кои во Денвер учествувале на годишниот состанок на Интер – Американската прес асоцијација.
Според неговите зборови, извештаите кои следуваат, ќе бидат подеднакво важни како и претходните со кои е откриено како власта на САД собирала податоци за милионски телефонски разговори во Франција.
Тој тврди дека ќе објави апсолутно се што ќе добие од Сноуден, додавајќи дека на удар се сите слободни медиуми во Америка и повикува новинарите заедно да се борат за своите права.
– Колку повеќе ќе бидеме заедно, толку потошко ќе и биде на државата да ја угнетува слободата на медиумите – вели новинарот на Гардијан.