Научете како да фатите некого во лага :)

6 ноември, 20130
12

Сите лажат! Било тоа да се големи или мали, лагите се присутни на работа, во политиката, во љубовта, пријателството, во семејството. Денес лагата е секојдневие. Луѓето лажат од најразлични причини и мотиви – за да се допаднат, за да скријат тајна, да создадат репутација, да избегнат критика и санкција. Сигурно и сами сте се нашле многу пати во недоумица во врска со тоа дали вашиот колега, пријател или член на семејството ја зборува вистината.

За да го разоткриете лажливецот внимавајте на говорот на телото, бојата на глас, очите, особено на зениците кои се шират кога човек лаже. Лажливецот можете да го препознаете по вознемиреното однесување, нервозното тресење на ногата, допирање на носот и увото, но и по тоа што поспоро зборуваат и прават повеќе грешки во разговорот.

Ако соговорникот гледа горе и десно, тогаш таа особа пристапува на делот од мозокот одговорен за креативност. Со други зборови, особата смислува лага за да ви даде одговор.

Преместувањето нога врз нога, грчење на прстите, вкрстување на рацете и нозете се знаци карактеристични за човек што лаже. Во оваа група знаци припаѓаат и допирање на носот, допирање на окото, лижење на усните, тапкање со прстите.

Покривање на устата – овој гест е мошне честа појава кај лажливците и доаѓа од несвесно ниво. Покривањето на устата е поврзано со желбата да се спречат лагите кои им излегуваат од уста. Од друга страна, ако зборувате вие и соговорникот ја покрие устата, значи дека не верува во она што го зборувате.

Грицкање на усните – сигурен знак дека соговорникот лаже. Тие речиси без грешка несвесно ги повторуваат овие гестови, бидејќи ги смируваат, а и добиваат на време за осмислување на својата лажна приказна.

Допирање на носот – Ако вашиот соговорник често го допиран осот, бидете сигурни дека токму во тој момент ја измислува целата приказна. На тој начин тој се обидува да делува уверливо, создавајќи наивен израз на фацата.

Чешкање на вратот и допирање на увото – кога вашиот соговорник ќе го направи ова, значи дека неговите зборови не се најискрени. Ако пак го прави истото додека вие зборувате, значи дека не се согласува со вашиот муабет.

Триењето на очите за време на разговор е знак дека оној што зборува многу лаже. Може да значи и дека не му се допаѓа она што го гледа. Овој гест е карактеристичен за неискусните лажачи кои не успеале да ја контролираат вознемиреноста за време на лажење.

Ако човекот со кој разговарате постојано ги прекрстува нозете една врз друга, бидете сигурни дека се обидува да ве излаже. Човекот кој е нервозен затоа што лаже, не може да стои мирен.

Овие знаци секако треба да се гледаат во комбинација со кажаните зборови и да се внимава за отстапување од нормалното однесување на соговорникот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi