Кој вели дека во светот на познатите не е лесно да се остане во добри односи со бившиот?
Поранешните сопружници Џенифер Лопез и Марк Ентони на целиот свет му покажаа дека и покрај разводот и понатаму останале во одлични односи.
Всушност, синот на Марк, Христијан, кој го добил од бракот со мисицата Торес, го прославил 12-тиот роденден! А на големата роденденска забава позирале сите: тато Марк Ентони со девојката Шанон де Лима, Џенифер Лопез со дечкото Каспер Смарт и нивните деца Макс и Еми. Се разбира, и славеникот Христијан позирал во средината на веселата дружина.
Џенифер Лопез на својот Твитер профил објавила фотографија со натпис: “Среќен роденден Христијан! Одлична забава!”.
Инаку, Џенифер Лопез и Марк Ентони својот седум-годишен брак одлучија да го прекинат во август 2011, но поради своите деца, четири-годишните близнаци Макс и Еми ќе се задржат на одлуката да останат блиски пријатели.