
После поразот од Севиља со 4:0 навивачите на Бетис почнале да го навредуваат бразилецот Пауло на расна основа, поради што тој се расплакал, заминувајќи во соблекувалната.
Фудбалерите на Бетис убедливо се поразени од Севиља во големото градско дерби со 4:0, а навивачите не можеле да го преживеат поразот па ги навредувале играчите. Најмногу на удар се нашол темнокожиот Бразилец Пауло.
Откако поради втор жолт картон во само 5 минути бил исклучен од игра во финишот на првото полувреме, навивачите на Бетис почнале да го навредуваат на расна основа испуштајќи животнски крици додека фудбалерот одел кон соблекувалната.
httpv://www.youtube.com/watch?v=G-tggvU5MIQ