Нема веќе криење на Фејсбук: Ако имате скриен профил, подгответе се за нови правила

popara11 октомври, 201317min00
23

Фејсбук во четвртокот ги објави своите планови дека ќе заврши со отстранувањето на дел од опцијата приватност, која овозможуваше на корисниците да одредат кој може да го најде нивниот профил на социјалната мрежа.

Уште минатата година се зборуваше дека ќе се започне со отстранување на тој сегмент од опцијата.

Опцијата “кој се може да го прегледа вашиот Тајмлајн“ досега овозможуваше да лимитирате кој се може да најде ваша фотографија и основни информации за вас кога во полето за пребарување ќе го воведат вашето име.

Од Фејсбук советуваат дека најдобар начин за контрола над она што другите можат да го видат за вас, е самите да внимавате што споделувате низ мрежата. И понатаму можете да блокирате и пријавите даден корисник кој ве вознемирува.

Овој чекор е дел од проектот на Фејсбук да се подобри нивниот пребарувач кој е апдејтиран со цел корисниците да можат да пребаруваат буквално се.

facebook-trazenje

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma