
Фотографијата која е направена во близина на големо живеалиште на фоки во јужна Африка стана хит и воодушеви многу луѓе ширум светот.
Младата фока успеала да го избегне нападот од ајкулата, балансирајќи на врвот од носот на ова огромно чудовиште.
Ирскиот фотограф Давид Баз успеал да го улови овој специјален момент, за време на својата тура со брод во близина на Кејптаун.
Се прашувате дали бебето фока успеало на крај да се спаси од вилицата на белата ајкула?
Да, токму тоа се случило, посведочил Давид за новинарската агенција Катерс, дополнувајќи дека испливала на сигурно.
