Немаш пари? Извини дечко, не те бива…

22 јули, 20130
18

Можеби живееме во модерни времиња, но вистината е дека жените сеуште сакаат да се чувствуваат како принцези…

Добро, можеби и претеруваме малку, но нема што да се лажеме – факт е дека супер важно е мажот да биде финансиски стабилен. И овој факт веќе си има и научни аргументи.

Вистината е драги мажи дека 55% од жените не би излегувале со маж без пари. А ако заглавил во долгови и сметки, таквиот воопшто не котира. И извинете фраери, но над убавиот надворешен изглед на мажот жените ја поставуваат дебелината на новчаникот.

И тоа не е така бидејќи жените се безчувствителни материјалистки, туку затоа што во мажот тие бараат стабилност. Стабилност која евентуално ќе ги натера да го изберат мажот кој ќе биде татко на нивните деца.

Се разбира има и исклучоци. Но дека жените се програмирани да бидат материјалистки во името на иднината и семејството е факт.

Госпада, имајте во предвид дека 70% од дамите ќе ве откачат ако се најдете во финансиска криза. 57% пак би сакале да знаат колкава е вашата сметка пред да одлучат дали да стапат во посериозни односи со вас.

Девојки и вие да си знаете. Господата исто така имаат критериуми. 54% од нив претпочитаат жената исто така да биде финансиски независна и самостојна.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma