
Резултатите од најновата студија покажале дека смарт телефоните можат да бидат најголеми убици на страстта. Еден од пет испитаници помеѓу 18 и 34 години признале дека користат смарт телефони за време на сексот. Во истражувањето учествувале две илјади полнолетни испитаници кои одговарале на прашања поврзани со мобилните уреди. Вкупно 9% испитаници одговориле дека користеле мобилен телефон за време на секс, а тој број се зголемил на 20% во групата испитаници стари од 10 до 34 години. Зависноста од мобилниот телефон кај некои стигнала до голем степен, а вие доколку сакате квалитетен секс телефонот оставете го во другата просторија, исклучете го или барем ставете го на тивок режим за да можете во мир да уживате еден со друг.