Неверојатно: Онесвестен возел камион цели 10 км!

popara21 март, 20131min00
4

Прага – 48 годишен човек возел онесвестен цели 10 км камион во Германија на патот за Манхајм и за среќа никој не бил повреден.

На човекот му се слошило и се онесвестил, а камионот од 40 тона удирал во оградата што ги дели двата коловоза во наредните 10 км додека полицијата не успеала да го сопре возилото.

Човекот во несвесна состојба бил префрлен во болница каде лекарите се борат за неговиот живот, соопштила полицијата во Хајделберг.