Ова е десерт кој е вкусен исто толку колку што добро изгледа. Лесно се приготвува, не ви требаат кулинарски способности. Нема печење, нема грешки едноставно секогаш е погоден.
Потребни состојки:
Суви колачи кои се полнети со фил
Ореви или други јаткасти плодови
Овошје по ваш избор
Сладолед од ванила
Путер – растопен
Чоколада – растопена
Најпрво издробете ги колачињата. Потоа ставете го растопениот путер одозгора и промешајте.
Ставете ги во стаклен сад, во кој ќе го послужите десертот.
Ставете сладолед од ванила.
Потоа ставете ја растопената чоколада.
Одозгора ставете малку исецкани ореви.
На ред е овошјето.
Повторете ја постапката уште еднаш.