Новиот Samsung T210 Galaxy Tab 3: Унапредени функции и модерен дизајн
24 јули, 20130
![19](https://popara.mk/wp-content/uploads/2013/07/194.jpg)
Најновиот модел од понудата на Самсунг, наследник на популарниот модел р3110 сега е со уште побрз процесор, со нов дизајн но со препознатлив интерфејс.
Galaxy Tab 3 ви овозможува сосема ново искуство и доживување. Новиот подобрен таблет уред е потенок, потесен и со потенка рамка. Неверојатно е привлечен за едноставно ракување во движење. Иако е нешто полесен, тоа не ги намалува неговите перформанси. Овој таблет уред има Dual Core процесор со 1,2 GHZ и две камери.