![1](https://popara.mk/wp-content/uploads/2013/02/115.jpg)
Светската здравствена организација ја заврши својата долгогодишна студија која дефинитивно докажа дека амбалажата, кесите, шишињата, играчките и телефоните содржат опасни хемикалии кои предизвикуваат смртоносни болести.
Пластичните производи кои секојдневно ги користиме можат да го нарушат нашето здравје, па дури и да предизвикаат појава на рак, докажа една од најобемните студии на СЗО наречена „Најновите научни откритија за хемиклиите кои предизвикуваат ендокрини пореметувања“. Според студијата, некои супстанции кои служат за еластичност и цврстина на пластичните прозводи, а кои ги има речиси насекаде, можат да предизвикаат различни тешки болести, намалување на плодноста, неправилна функција на жлездите и вродени мани кај децата.
Овие хемикали лесно навлегуваат во организмот преку храната бидејќи најголемиот дел од прехрамбените производи се пакувани во пластична амбалажа, а во организмот навлегуваат и преку упивање низ кожата од козметчките производи.
Каков е ризикот од овие токсични хемикалии кои учествуваат во составот на пластиката?
– Зголемена телесна тежина,
– Неплодност,
– Рак на тестисите,
– Рак на градата,
– Проблеми со меморија и концентрација,
– Пореметена функција на хормоните,
– Астма,
– Дијабетес,
– Кардиоваскуларни болести,
– Леукемија,
– Рак на мозокот,
– Аномалии на плодот.