Тројца астронаути се вратија на Земјата после мисијата во веселената која траела 166 дена и тоа со рускиот олимписки факел, првиот што некогаш бил испратен во вселената, три месеци пред почетокот на олимписките игри во Сочи, јужна Русија.
Фјодор Јурчихин од Русија, италијанецот Лукас Пармитано и американката Карен Ниберг слетале во Казахстан ,а олимпискиот факел бил во специјана кутија која еден од вработените во руската вселенска агенција ја предал со зборовите: “Еве го факелот!“
Овој вселенски факел ќе се користи за палење на олимпискиот оган за време на почетокот на Олимписките игри.
Освен во вселената истиот факел ќе патува и во длабочините на Бајкалското езеро во Сибир, ќе се качи на врвот на планината Елбрус во Кавказ на надморска височина од 5633 метри, а веќе го посетил Северниот пол.
httpv://www.youtube.com/watch?v=D6m0lA_46u8