Потребни состојки:
- 200гр ориз
500мл млеко
500гр малини
100гр мед
60гр бадеми
Начин на подготовка:
Млекото и оризот ставете ги да се варат на тивок оган. Кога ќе се свери, додадете го медот.
Откако готовиот десерт ќе се олади, распоредете го во соодветни садчиња. Гарнирајте со малини, а по избор можете да додадете и други мали плодови.
Преполовете ги бадемите на два дела и запечете ги во сува тава. На крајот украсете го кремчето со нив.