Осама во Пакистан носел каубојски шешир и сакал “брза вожња“!

popara9 јули, 20131min00
8

Осама бин Ладен 10 години живеел сосема слободно во Пакистан па дури еднаш бил и сопрен за брзо возење, но не бил уапсен.

Ова се резултатите од комисијата формирана од пакистанската влада и која носи фасцинантни детаљи за животот во илегала на најбараниот терорист во светот, кој својот идентитет го прикривал носејќи каубојски шешир на глава.

Извештајот на комисијата формирана во 2011 после смрта на Бин Ладен вклучува и информации за членовите од неговото семејство. Самиот извештај покажува потполна некомпететност и незаинтересираност на пакистанските служби кои по правило би требало да го препознаат и уапсат.

Не се познати сите локации каде Осама престојувал пред убиството, а во извештајот се вели дека тој во Пакистан од Авганистан пристигнал во 2002 година и живеел нормален секојдневен живот, со што на никој не му бил сомнителен, бидејќи одлично се вклопувал во секојдневната животна рутина на заедницата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *