Основни мејкап правила и комбинација на бои
Денес ќе се задржиме на основното правило на шминкањето – изборот на вистинските бои, односно вистинската тројна комбинација: сенка за очи, руменило и кармин.
* Пред се боите треба да одговараат на вашиот тен.
*Секогаш се избира еден основен акцент на лицето: или очите или устата. Во случај акцентот да бидат очите, тогаш карминот е најдобро да биде во телесна боја. Ако сте избрале кармин во жива и впечатлива боја, тогаш нанесувате само маскара и сосема нежна сенка во истата нијанса со руменилото.
*Пудрата е задолжителна основа на професионалната шминка.
*Одличен трик на стилистите: Сенката за очи и маникирот да бидат во иста боја. Или пак карминот и маникирот. Се добива неверојатно добар ефект.
*Одличен резултат ќе добиете ако аксесоарите односно накитот се во иста боја со основниот акцент на лицето. Например тиркизна сенка и накит во тиркизна боја.
Во галеријата што следува имате шанса да погледнете како изгледа професионално изработена шминка од рацете на најдобрите стилисти во светот кои работат за големите модни гиганти. Се надеваме дека денешната статија ќе ви биде од полза.