Со намерно губење на паричници ширум светот новинарите од Readers Digesta утврдиле дека најпоштени се граѓаните на Хелсинки, а дека во Лисабон е најтешко да наидете на поштен случаен минувач.
Новинарите во 16 градови, од Хелсинки и Москва, преку Бомбај и Будимпешта до Лисабон и Њујорк, “изгубиле“ вкупно 192 паричници. На 12 локации набљудувале што ќе се случи откако на јавно место ќе оставеле паричник со 50 долари, кредитни картици, фотографии, име и телефонски број.
Се покажало дека Хелсинки е најпоштениот град каде биле вратени 11 од 12 паричници. Следува Бомбај со 9 вратени, а на трето место е Будимпешта и Њујорк со 8 вратени паричници.
Љубљана е на средината од пописот, после Москва, Амстердам и Берлин, проследена од Лондон, Варшава, Букурешт, Рио де Женеиро, Цирих, Прага, Мадрид. Во Лисабон е вратен само еден паричник и тоа од страна на возрасен брачен пар од Холандија.