
Училиштето “Моча Селис“ во Буенос Ајрес не е обично училиште: Тоа е средно училиште за транссексуалци и трансвестити. Училиштето било отворено во 2012 година, а главната цел е да им помогне на овие луѓе да се обидат да го сменат својот живот и да ги отргнат од проституција.
Според податоците на аргентинските власти, 70% од трансвеститите и трансексуалците во таа земја се вклучени во проституција, а дури 85% од нив изостануваат од образовниот систем. Училиштето засега има 40 ученици кои меѓу другото учат готвење, моден дизајн, боди арт.
Нивниот просечен живот изнесува 35 години – поради насилството на кое се изложени и опасните болести кои се пренесуваат по сексуален пат.
“Денес се во состојба да видат дека имаат иднина, дека можат да планираат, сами да одлучуваат и да ги реализираат своите цели. никој друг не би требало да одлучува во нивно име“ – вели координаторот на образовниот тим, Франциско Квињонес.


httpv://www.youtube.com/watch?v=ekAdS_m8WWQ