Ова се актерите кои одбиле улога во “Господарот на прстените“!
Ако продуцентите се задржеле на првобитната идеја, актерската постава на трилогијата “Господарот на прстените“ би изгледала сосема поинаку – Шон Конери би бил Гандалф, Даниел Деј Луис би бил прв избор за улогата на Арагорн, додека Џек Гиленхал требало да биде Фродо.
Меѓутоа кога се работи за филм, често се случува да не се одвива се според планот. Режисерот Питер Џексон сакал сјајниот Даниел Деј Луис да го игра Арагорн, но тој одбил со образложение дека не сака да ја намали убавината на овие филмови кои знаат да бидат навистина забавни, но дека самиот тој не сака вакви жанрови.
Следен на листата бил Расел Кору кој исто така кажал “не“ па Арагорн на крај го одиграл Виго Мортенсен.
“Никогаш не разбрав за што се работи. Ја прочитав книгата, го прочитав сценариото, го гледав и филмот…и понатаму не разбирам за што се работи“ – изјавил Конери и додава дека Ијан Мекелен бил фантастичен избор за Гандалф.