Ова е актерот кој ќе го толкува ликот на Фреди Мекјури!
12 декември, 20130
Британскиот актер Бен Вишо кој во последниот филм за Џејмс Бонд се појавува во улогата на Кју, ќе го толкува ликот на Фреди Мекјури во филмот кој ќе го режира Декстер Флечер.
Гласините дека Вишо ќе го толкува ликот на фронтменот на групата Квин, почнаа уште од моментот кога Саша Барон Коен го напушти проектот, а сега и официјално се потврдени.
Филмот за Фреди Мекјури го опфаќа неговиот живот од почетокот на кариерата па се до концертот одржан во 1985 година.