
Марксизмот како идеологија е погрешна. Но во животот сум познавал многу марксисти кои се добри луѓе, така да не се чувствувам повреден – изјавил папата Фрањо, одговарајќи на критиките на американскиот водител.
После критиките од страна на некои американски конзервативци поради осудите на либералниот капитализам, папата Фрањо одговорил дека не е комунист, но дека познава многу добри марксисти.
Тој објаснува дека неговата осуда за нееднаквоста предизвикана од глобалниот економски систем не е експертска анализа туку само повторување на социјалните доктрини на Католичката црква.
Тоа не значи дека сум марксист – изјавил тој.
Американскиот радио водител Раш Лимбо го оценил како чист марксизам текстот во кој папата минатиот месец напишал дека неправедниот економски систем убива и предупредува дека нерегуларниот капитализам претставува нов вид тиранија.