
Состојки:
1 кг средно големи компири
3 супени лажици сусам
½ филџан масло за јадење
Сол
Подготовка:
Компирите се мијат многу добро и се засекуваат хоризонтално неколку пати од горната страна (како на фотографијата). За да стојат исправени се сече мал дел од долната страна за да лежат на рамно. Се подредуваат во претходно подмачкан сад за печење. Маслото и солта се мешаат и со таа смеса се полеваат компирите. Најпосле се поросуваат со сусам. Се печат во претходно загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.